old.avtoplus.mk

Алијансата Renault-Nissan подготвува евтини електромобили

Неодамна новиот шеф на Nissan, Хирото Саикава, во интервју со јапонскиот Nikkei рече дека компанијата е подготвена за ланосрањето на електромобил од А-класата за Кина, кој треба да излезе на пазарот следната година со цена до 1,5 милиони јени (12.800 долари).

Моделот ќе биде урбан за кратки растојанија, што значи дека ќе е крајно економичен. За основата очигледно ќе послужи Renault Kwid, од кој франузите веќе ветија дека ќе направат поевтин електромобил. Ова на свој начиј ја потврдува стратегијата на шефот Карлос Гон за постигнување на целта, да се биде на самиот врв во автоиндустријата на полето на електрични возила.

Архитектурата CMF во принцип е создадена така што ќе користи и електрифициран погон, па во таа насока не се очекуваат компликации за кој и да е од производителите кој е дел од во француската автоимперија - Renault, Nissan, Lada, Datsun, Dacia и Mitsubishi. Партнер на концернот во Кина е Dongfeng, на кој му е доделена и задача да ги прави најевтините електромобили.

Ова го потврдува и фактот дека Dacia се подготвува напорно за електричната револуција во автомобилската индустрија. Романската сестринска фирма на Алијансата исто развива евтин модел на струја. Буџетскиот електромобил ќе биде со задача да го стори на пазарите она што постигна Logan. Иако нема детали, по се изгледа донатор за сличен модел ќе е најпродаваниот електромобил во Европа за минатата година - Renault Zoe Z.E. Не е исклучено, Романците да ги преферираат за основа Sandero или Logan.