old.avtoplus.mk

Во Барселона блесок на новиот Audi A8

Германскиот гигант на специјалниот настан Audi Summit во Барселона, ја покажа целосно новата генерација на предводникот A8, откако неколку недели ги држеше фановите во неизвесност пласирајки тизер фотографии на социјалните мрежи.

Визуелните промени не се особено големи, односно пропорциите на седанот се практично задржани. Во предниот дел откриваме корпоративната решетка на брендот, како и нови ласерски светла. Во ентериерот пристигнува најновата генерација на виртуелниот кокпит на Германците со 1.920 x 720 пиксели, која емитува информации за моменталната состојба на возилото. Во средината на инструменталниот панел е поставен нов 10.5-инчен дисплеј.

Големата вест во погонските агрегати е дека практично секој нов А8 ќе биде хибрид. Секој конвенционален агрегат ќе биде помогнат од благ хибриден систем, која ќе му овозможува на автомобилот да се движи по инерција без вклучен мотор. При промоцијата на моделот ќе бидат достапни два 3.0-литарски мотори - бензински и дизел, а моќноста им е 340 и 286 КС. Во најблиската иднина ќе бидат додадени и нови мотори.

Интересна новина е систем за автомобилот, со што ќе биде и индивидуализирана суспензијата што ќе користи електромотор и неколку други компоненти на секое тркала. Резултатот е автоматска регулација на цврстината на шасијата, зависно од оптовареноста на автомобилот.

Продажбата на автомобилот почнува од есен оваа година, а цените во Германија стартуваат од 90.600 евра за стандардната верзија, додека подолгата ќе чини околу 4.000 евра повеќе.

Популарно оваа недела

Анкета

Дали сакате повторно да има АУТОЕКСПО, саем на автомобили во Скопје?!

 Сакам да има !

 Не сакам да има !