old.avtoplus.mk

Следниот Corvette ветува одлични емоции

Следната генерација на Chevrolet Corvette ќе отвори нова страница во историјата. Ветува многу модификации во однос на сегашната, а прототипи со мотор на задната оска ги прават првите тестови. Сеуште не е сигурно како точно ќе изгледа Corvette C8, бидејки се тестираат само технологии.

Со оглед на изгледот на тест прототипите кои се врз сегашната изведба и камуфлирани, навистина тешко може да се открие дизајнот на новината. Едно е јасно, иако се прават разни рендери (особено на форумот на фанови на Corvette) а тоа е и логично да го очекуваме од C8, ќе е со димензии блиски до оние на С7. И покрај поместувањето на моторот зад кабината, С8 сепа ќе е и понизок и поширок.

За разлика од Ford и моделот GT, во Chevrolet немаат планови да прават „ограничена серија“ при производството на следната Corvette. Ова ќе се одрази на цената на новиот автомобил, кој нема да е многу поскап од С7. Со оглед дека во САД основната цена на С7 е под 60.000 долари, се очекува С8 да е околу 20.000 долари поскап.

И бидејки шестата генерација на Camaro, изградена врз плаформата Alpha, се доближи опасно блиску до Corvette, С8 треба да се погрижи повторно да придонесе за значајна разлика меѓу двата модела - како во однос на моќноста, така и кај максимална брзина. Се очекува дека премиерата на С8 ќе биде следната година, а автомобилот ќе се појави кај дилерите во 2019.