old.avtoplus.mk

Сите детали за новиот Renault Megane RS

Помалку од два месеци пред официјалната премиера на новиот Renault Megane RS во Франкфурт, фотографии на новиот хотхеч се најдоа на интернет и ги упатија во целост клиентите и фановите на новата креација на Renault Sport.

Всушност, станува збор за фотографии на возилото, објавени од WIPO - Светската организација за интелектуална сопственост, кои биле понудени од страна на француската компанија. Потполно очекувано, новиот Megane RS ги задржува дизајнерските норми наметнати од четвртата генерација на моделот, но е многу поагресивен од верзијата GT. Како тврдат неговите кератори дизајнот одговара позитивно на сите приговори наметнати од фановите кои беа доставени при неговото создавање. По нивно барање има поголеми отвори за струење воздух напред, понабилдани браници, трапезоиден приклучок на издувниот систем од вертикалните елементи на дифузерите...

Благодарение на фотографиите од WIPO можеме да претпоставиме дека светлата на Megane RS ќе се малку поразлични, а истото важи и за стоп-светлото. За жал, овие фотографии не се придружени со информации за техничките податоци на новиот Megane RS, но од Renault веќе понудија одредено количество пикантерии. Посебно интересната вест е поврзана со фактот дека автомобилот ќе се нуди како со рачен менувач, така и со EDC-трансмисија, а не само со автоматски, што се покажа непријатно изненадување кај Clio RS. Моделот го задржува предниот пренос, а 1,8-литарски турбо мотор, кој доаѓа од Alpine A110, ќе биде со моќ од околу 300 коњски сили. Тоа стана сигурно, откако од Renault Sport објавија дека повеќе нема да го развиваат 2,0-литарскиот турбо мотор, кој досега се користеше кај Megane RS.

Освен тоа Megane RS ќе го добие и системот 4Control кој забележа вистинско заживување на Megane GT, а клиентите повторно ќе можат да порачуваат две верзии - Sport и Cup. А што се однесува до GT, фотографии на новата верзија, исто така се појавија во WIPO, а оттаму и во мрежата. Изгледа дека дотерувањето на GT ќе му донесе на моделот нови фарови, исти како кај RS, како и поголем преден браник со поголеми отвори за воздух. На прв поглед е рано за дотерување на Megane GT, но најверојатно во компанијата сакаат да ги одделат овие две верзии од популарниот стандарден модел.