old.avtoplus.mk

Шангај 2017: Volkswagen и со трет I.D.

На автосалонот во Шангај компанијата Volkswagen ќе го открие и третиот модел од серијата I.D., кои треба да ја покажат иднината на марката. Тоа е купеовскиот кросовер I.D. Crozz, кој има четири места во внатрешноста и систем за автономно движење.

Претходно најголемиот производител на автомобили на планетава претстави хечбек и миниван на оваа тема. Заедно со кросоверот тие се изградени на платформата MEB, создадена специјално за електрични возила. Затоа и во дизајнот на моделот се користени познати стилистички решенија, но кон нив се додадени и нови - широк спојлер и различна задна оптика.

Како и кај хечбекот, задните врати на I.D. Crozz се отвораат во спротивна насока на предните кои се во традиционален стил. Кај кросоверот исто така отсуствуваат централните носачи на каросеријата. Интересна карактеристика тука е панорамскиот покрив со интегрирано LED-осветлување, чиј интензитет може да се управува со гестови. Во ентериерот целосно се отсутни стандардните модели на копчиња и прекинувачи. Главна улога во него играат 10,2-инчен екран со мултимедиален комплекс и дигитален инструмент панел со дијагонала иод 5,8 инчи. Сензорни панели има и на вратите, а возачот има проекциски дисплеј од новата генерација. При вклучување на системот за автопилотот воланот се прибира во предниот панел. Истовремено со тоа се активираат ласерски скенери, распоредени на покривот кои пратат се што се случува околу возилото. Се менува и режимот на работа на LED диодната оптика.

Погонот на I.D.Crozz е со помош на два електрични мотори со моќност 302 КС,а поголемиот со 201 КС е поставен на задната оска. Распределбата на масата е 48:52. Максималната брзина достигнува 180 km/h. Под хаубата се ставени литиум-јонски батерии со капацитет 81 kW/h, кои обезбедуваат километража од 500 km. Тие можат да се полнат до 80% за 30 минути од 150-киловатнa  станица.

Популарно оваа недела

 

Анкета

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на нашата страница?

 стариот повеќе ми се допаѓаше

 многу ми се допаѓа

 ми се допаѓа

 не е лошо

 не ми се допаѓа