old.avtoplus.mk

Шангај 2017: MG се враќа кон корените со купето E-Motion

Пред да стане кинеска, старата британска марка MG, правеше класични спортски автомобили. Кинезите одлучиле да се вратат кон англиските традиции на бренд и решија да пуштат повторно сосема новоразвиено спортско купе, кое блеснува во Шангај.

Независно од изградените прекрасни автопатишта во Кина, на кои прекрасно би одговарал автомобили од GT типот, нивната понуда и натаму е минимална. Локалните купувачи преферираат да го следат глобалниот тренд на побарувачка на кросовери, додавајки кон неа и малку домашен стил, зголемено купување на миниванови. Неодамна, сепак, поддржани од државната помош за еколошки автомобили, некои локални брендови почнаа со развој на спортски автомобили со електрични енергетски агрегати. Типичен пример во тој поглед е и новото спортско купе MG E-Motion. Во основата на моделот е, користена од компанијата SAIC, нова модуларна електрична платформа применета уште и кај концептниот кросовер Roewe Vision-E, кој исто така дебитира во Шангај. Li-ion батерија и обезбедува на спортската машина автономија со едно полнење од 500 километри, а забрзувањето од место до 100 km/h се случува за 4 секунди. Засега Кинезите го објавија само ова, а ветуваат наскоро сериско производство на возилото со мали промени во однос на концептот.

Во дизајнот, малку изненадувачки, Кинезите не користеле помош на надворешни дизајнери и не се копирани странски модели, каросеријата е прилично хармонична, во која се чувствуваат класични британски мотиви и носталгични елементи во комбинација со нови трендовски линии. Внатрешноста е целосно современа, со интересна компјутерска графика, екран на допир и овален управувач. Има место за четири лица, за секој патник има индивидуални можности за забава, а стаклените површини се огромни поради транспарентниот покрив.

Од оваа година веќе сите автомобили MG се прават само во Кина, прозводството на хечбеците MG3 во британскиот град Лонгбридж е стопирано неодамна, а таму остана да работи само тим на инженери, кои се состои од околу триста експерти.

Популарно оваа недела

 

Анкета

Дали сакате повторно да има АУТОЕКСПО, саем на автомобили во Скопје?!

 Сакам да има !

 Не сакам да има !