old.avtoplus.mk

Шангај 2017: Audi ја проширува е-tron палетата

Компанијата Audi ќе претстави на салонот во Шангај електричен концепт, кој ќе претставува SUV модел, но со форми на купе, што може да се заклучи од скиците, кои се појавија на интернет просторот.

Дизајнот на моделот е блиску до оној на e-tron quattro, а линиите на автомобилот го рангираат меѓу идните ривали на BMW X4 и Mercedes GLE Coupe. Се претпоставува дека сериската верзија на овој концепт ќе е втор електричен модел, планиран од Audi за деби на пазарот пред 2020 година, а како што е познато прв ќе излезе токму e-tron quattro.

Како e-tron quattro и овој концепт е изграден врз платформата на VW Group MLB, а не на модуларната платформа MEB создадена специјално за електрични модели. MEB се користи кај концептот на VW I.D., како и кај Vision E на Škoda, но сепак развојот на електричните концепти на Audi започна порано од нејзиното создавање. Покрај тоа, новиот концепт најверојатно ќе го добие и истиот погон како e-tron quattro. Тоа значи три електромотори и автономија со едно полнење од околу 500 километри. Дали сепак овие карактеристики ќе ги има и кај серискиот модел се ушт е рано да се каже.