old.avtoplus.mk

Renault отвори лабораторија за иновации во Париз

Renault Open Innovation Lab - Le Square - е новооткриената лабораторија на француската компанија за иновации во Париз. Таа има за цел да дефинира нови начини за работа и истражување за иднината на автомобилите и поттикнува партнерствата со нови компании.

- Renault произведува автомобили повеќе од 100 години, изјави Пиерик Корнел, директор на Advanced Engineering во Алијансата. - Нашата индустрија се менува многу брзо и за да останеме лидери во областа на иновациите и технологијата, треба да продолжиме со работата врз „паметните“ автомобили и електричната гама, со цел однапред да ја дефинираме иднината и да и го понудиме на нашите клиенти најдоброто.

Renault Le Square е дизајниран целосно како една експериментална лабораторија, отворена за бизнис и потребите на вработените на Renault и Алијансата. Лабораторијата се управува заеднички од Renault и надворешни партнери кои работат за една заедничка цел и ќе придонесе за реализација на Стратегијата за иновации на Алијансата.

По Силиконската долина и Тел Авив, Renault јс избра Франција како место за третата Лабораторија за иновации, бидејки во земјата веќе работат 228 бизнис инкубатори и 49 бизнис акселераторажи. Само во регион Ил де Франс има над 3,000 регистрирани стартапи. Покрај тоа, Париз е оценет како меѓу најатрактивните светски метрополи за инвестиции во областа на новите технологии.

Популарно оваа недела

 

Анкета

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на нашата страница?

 стариот повеќе ми се допаѓаше

 многу ми се допаѓа

 ми се допаѓа

 не е лошо

 не ми се допаѓа