old.avtoplus.mk

Renault ќе ги освежи Kadjar и Megane

Францускиот производител Renault ќе им понуди на своите клиенти нови верзии на два од своите модели од постоечката гама - Kadjar и Megane, кои треба да ја задржат конкурентноста и освојат нови потенцијални купувачи.

Освежената модификација Megane Limited, чија цена стартува од 21.600 евра, ќе нуди претежно екстериерни подобрувања. Меѓу нив се 17-инчни тркала Dark Anthracite Exception, странични ретровизори во боја Etoile Black и специјална ознака, која треба на издвојува Megane Limited од обичниот модел. Меѓу останатите понудени нови елементи за хечбекот се компактниот R-Link со 7-инчен дисплеј, електронска рачна сопирачка и електрични странични ретровизори. Сите овие додатоци ќе се нудат за верзијата со повисоко ниво на опрема на моделот.

Главната новина кај SUV-моделот е 1,6-литарски бензински турбомотор Energy Tce, кој генерира 163 КС и 240 Nm вртежен момент. Во комбинација со него ќе се користи шест-брзински мануелен менувач. Оваа иновација ќе е достапна само за верзиите Intens и Black Edition, чии цени стартуваат од 30.400 евра.

Популарно оваа недела

 

Анкета

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на нашата страница?

 стариот повеќе ми се допаѓаше

 многу ми се допаѓа

 ми се допаѓа

 не е лошо

 не ми се допаѓа