old.avtoplus.mk

Renault, Nissan и Mitsubishi со заеднички комерцијални изведби

Групата Renault-Nissan започнува голема офанзива во сегментот на комерцијални возила, каде што ќе се стави апостроф на новата стратегија - LCV Business Unit, објавија од пресс-службата на Алијансата.

За постигнување на поставените цели, Renault и Nissan ќе ја продлабочат соработката со цел заеднички развој на автомобили од LCV програмата. Раководството на Алијансата планира да ги прошири пазарите на кои е претставен во овој сегмент, но да ја зачува уникатноста на двете марки. Кон нив ќе се приклучи и компанијата Mitsubishi Motors, која од минатата година е во сопственост на Nissan. Раководството на заедничката работа на трите компании е доверено на Индиецот Ашванти Гупта, директор на Renault за развојот на малотонажниот трговски траннспорт. Главната точка во плановите на Алијансата е развојот и производството на нови минибуси, камионети и пикапи.

Всушност Renault и Nissan работат во оваа насока неколку години. Фургонот Nissan NV300 е изграден на платформата на Renault Trafic, Nissan NV400 - врз основа на Renault Master, а во основата на пикапот на Renault Alaskan е Nissan Navara. Во блиска иднина партнерите ќе предложат и други нови модели кои ќе бидат изградени на платформите на Nissan Armada и Nissan Patrol. Тие ќе се појават под марките Renault и Mitsubishi.

Во 2016 година Groupe Renault реализира 443.931 комерцијални возила ширум светот. Најпопуларни модели се Renault Kangoo (118.200 единици), Master (91.900) и Trafic (81.600). Резултатот на Nissan Motor Co. Ltd. е 815.490 примероци, а како бестселери се покажаа пикапот NP300 Navara (196.257) и Frontier (102.497), како и товарниот NV200 (54.118). За возврат Mitsubishi Motors Corp. продала 248.000 машини, а најдобар резултат има пикапот Triton / L200 (46/332).

Популарно оваа недела

Анкета

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на нашата страница?

 стариот повеќе ми се допаѓаше

 многу ми се допаѓа

 ми се допаѓа

 не е лошо

 не ми се допаѓа