old.avtoplus.mk

Просечната потрошувачка во САД е 9,4 l/100 km

САД воопшто не се регион каде стриктно се почитуваат еколошките норми, како што сугерира уредбата на властите при презентирањето во одредбите за Дизелгејт. Просечната потрошувачка на продадените нови автомобили во Америка е над една третина повисока од оние во Европа.

Пресметките објавени од истражувачкиот институт  на транспортниот универзитет во Мичиген, покажуваат дека во февруари продадените на американскиот пазар автомобили имале просечна потрошувачка малку над 9,4 литри на 100 km (според официјалните податоци). Тоа е  речиси 0,2 литри повеќе отколку во минатото лето. Објаснувањето е во трајно задржување се ниски цени на горивата, кои повторно ги „тераат“ Американците да купуваат пикапи и големи теренци за сметка на компактните хибриди, кои беа во мода изминатата деценија. На годишна основа продажбата на автомобили се намали за 13%, додека на пикапи и лесни камиони скокна за 7 отсто.

Ford F останува најпродаван автомобил во Америка втота година по ред. Второто и третото место се исто така за пикапи - Chevy Silverado и Ram, а следат кросоверите Nissan Rogue и Honda CR-V. Најпродавано патничко возило е Honda Civic - едвај на петтото место.

Според авторите на студијата М. Сивак и Б. Шотле, емисиите на гасови на американските автомобили се намалени за само околу 17% во последните 10 години.

Популарно оваа недела

 

Анкета

Дали сакате повторно да има АУТОЕКСПО, саем на автомобили во Скопје?!

 Сакам да има !

 Не сакам да има !