old.avtoplus.mk

Пристигнуваат повеќе електрични модели од Porsche

Porsche планира цела палета електрични модели, за да производителот на спортски автомобили да добие посериозно присуство на кинескиот пазар, каде веќе започна масовно лансирање на електрични возила.

Германската марка го покажа концептот Mission E, а во 2019 на негова база ќе се појави и сериски електричен модел. Насочувањето на Porsche кон повеќе електрифицирани автомобили ќе значи дека компанијата ќе нуди и повеќе хибриди освен Cayenne и Panamera.

- Не станува збор само за новите еколошки барања, изјави на салонот во Шангај, шефот на Porsche, Оливер Блум. - За нас овие технологии се предизвик, бидејки електричните автомобили можат да обезбедат исклучително интересни спортски емоции зад воланот, а тоа е важно за Porsche.

Во Шангај Porsche ја претстави хибридната верзија на обновената Panamera, а тоа е најмоќната варијанта на моделот со четири врати. Кина е најголемиот пазар на Volkswagen Group, а во септември властите во комунистичката држава објавија нови правила за производителите на автомобили, со кои ги охрабруваат да произведат повеќе електрични, бидејки ситуацијата со загадувањето на воздухот во земјата веќе е критична.

Популарно оваа недела

 

Анкета

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на нашата страница?

 стариот повеќе ми се допаѓаше

 многу ми се допаѓа

 ми се допаѓа

 не е лошо

 не ми се допаѓа