old.avtoplus.mk

Opel со конкретен одговор за Qashqai

Opel го претстави својот следен нов модел - теренецот под име Grandland X, кој на европскиот пазар ќе треба да се спротивстави на Nissan Qashqai и на новиот Seat Ateca. Деби на автомобилот пред публика ќе се одржи на автосалонот во Франкфурт, наесен.

Должината на машината е 4.477, широчината 1.844, висината 1.636 mm, а растојанието помеѓу двете оски – 2.675 mm. На овој начин кросоверот е за речиси 200 mm подолг од претставениот од неодамна Crosland X и 100 mm од Nissan Qashqai. Во исто време волуменот на багажникот е 514 литри (1.622 литри со соборување на задните седишта), што е за 84 литри повеќе од Qashqai.

Кросоверот со пет седишта е изграден на платформата на групата PSA користена за Peugeot 3008 и Citroen C5 Aircross. Засега од Opel не откриваат детали за моторите, но се очекува тоа да бидат бензински со зафатнина од 1,2-1,6 литри, со моќ од 130 до 165 КС, како дизелски со до 180 КС.

Наместо погон на четири тркала Opel Grandland X доби систем Grip Control, познат од Peugeot 3008 и 5008. Тој го оптимизира системот за стабилизација, како и системот против занесување и ги прилагодува спрема условите на патот. Во опремата на кросоверот на Германците влегуваат адаптивен круз-контрол, систем за поглед од 360 степени, грејачи на воланот и на седиштата, како и безжично полнење за смартфони.

Популарно оваа недела

 

Анкета

Дали сакате повторно да има АУТОЕКСПО, саем на автомобили во Скопје?!

 Сакам да има !

 Не сакам да има !