old.avtoplus.mk

Nissan предвидува 20% удел на продажбата на електрични возила

До 2020 година продажбата на електрични возила на Nissan во Европа ќе достигнат до 20% од продажбата на брендот, прогнозира регионалниот шеф на Nissan задолжен за електромобилите, Герет Денсмор.

- Ако условите на пазарот се во склад на она што се најавува, уверен сум дека до 20% од нашите продадени возила ќе се електрични, а оттука па натаму, пазарот само ќе расте, изјави Денсмор.

Минатата недела Министерството за екологија на Франција најави дека планира да се избори за забрана на продажбата на бензин и дизел автомобили на територијата на земјата до 2040 година. Nissan официјално ја поддржа новата политика на Франција за стимулации на купувачите кои избираат нови автомобили, кои одделуваат нулта емисија. Nissan и Renault се дел од малата група автомобилски производители во која влегуваат уште Tesla, PSA и Mitsubishi. кои вложуваат сериозно на развојот на електрични автомобили од почетокот на новиот век. А, сега речиси сите големи автомобилски производители веќе имаат стратегија за развој и воведување на електрични возила на светскиот пазар.