old.avtoplus.mk

Мистериозен седан од Volvo

Втората генерација на кросоверот XC60 беше главен адут на Швеѓаните за време на овогодинешниот салон во Женева. Презентацијата на моделот, сепак се одржа малку порано од премиерата во салонот, кога компанијата објави едно,  навидум стандардни промо видео?!

Ако се продлабочите, сепак, во позадина ќе видите таинствен компактен седан, кој е со амблемот на компанијата, но не е присутен во сегашната моделска палета. Штом предметните клипови беа распространети на интернет просторот почнаа шпекулации на темата, за какво точно возило станува збор, што е во втор план.

Мислењето на експертите е дека ова е новата генерација на S40. Ако тоа е така, тогаш најверојатно Швеѓаните ќе ја покажат во најскоро време на некој од големите автосалони. Од изданието motor1 се потрудиле да состават видео со кадрите од таинствениот нов седан.

Популарно оваа недела

Анкета

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на нашата страница?

 стариот повеќе ми се допаѓаше

 многу ми се допаѓа

 ми се допаѓа

 не е лошо

 не ми се допаѓа