old.avtoplus.mk

Компактниот хечбеk Eve ново дело на NextEV

Компактниот хечбеk Eve ново дело на NextEV Марката Nio, која е оддел за производство на стандардни автомобили на кинеската компанија NextEV, претстави прототип на својот втор модел. Тоа е компактен хечбек со името Eve, кој е идеја за сериозно безпилотно возило на брендот за иднината. Nio Eve претставува електромобил со кревање на вратите, стаклен покрив, фотелја, која се претвори во кревет. Тој се потпира на системот NOMI, кој претставува вештачка интелигенција, која може да ги запамети особините на возачот и соодветно на нив да состави свој пат за патувањата. Во случај на потреба машината може да се управува и рачно.



Од компанијата велат дека сериската верзија на моделот ќе поминува 965 километри со едно полнење. При повторно брзо полнење на батериите може да се користи специјален безжичен полнач што само за 10 минути обезбедува нова автономија од 320 километри. Првите сериски беспилотни возила на NextEV треба да се појават по автопатите на САД во 2020 година. Покрај хечбек Eve, Кинезите подготвуваат и хипер модел Nio EP9, кој располага со електричен агрегат со моќност од 1.360 КС. Од овој автомобил ќе бидат направени 6 примероци, секој по цена од 1,2 милиони долари. 

Популарно оваа недела

 

Анкета

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на нашата страница?

 стариот повеќе ми се допаѓаше

 многу ми се допаѓа

 ми се допаѓа

 не е лошо

 не ми се допаѓа