old.avtoplus.mk

Кинезите сакаат и купуваат скапи спортски автомобили

Продажбата на луксузни спортски автомобили во Кина, од марките Ferrari, Aston Martin, Maserati и McLaren - нагло расте во последните четири години, по почетокот на кампањата на претседателот Си Џинпин, за ограничување на корупцијата.

Продажбата на Ferrari и Aston Martin се доближуваат до рекордни реализации од 2013 па наваму, а за Maserati, McLaren и Porsche, токму  2016 беше најуспешната година откако марките се присутни во Кина. Раст има и кај Lamborghini, во споредба со 2013 трансакциите на италијанските супер автомобили се зголемиле за речиси 50 %. Тоа не значи дека претседателот на Кина го намалил притисокот против корупцијата и трошењето на државни пари. Напротив, само сега се појавуваат се повеќе и повеќе приватни клиенти. Минатата година бројот на милионери во Кина се зголеми за 10%, а до 2026 година се очекува тие да се удвојат и да достигнат 1,7 милиони. Кинеската економија продолжува да ја зајакнува и довербата на потрошувачите, која е на највисоко ниво од крајот на светската економска криза, па наваму.

Според Стив Ман од Bloomberg, Кинезите едноставно ја игнорираат програмата на Си Џинпин. „Клиентите кои можат да си дозволат такви автомобили, обично се луѓе кои имаат сопствен бизнис, мошне успешни на пазарот“, потенцира Ман.„Ова подобрување на бизнис климата е одлично за Кина, а се чуствува дека има рефлексија врз пазарот на луксузни автомобили.“

Во декември Министерството за финансии на Кина воведе данок „Супер луксуз“ од 10% на цената на автомобилите кои се поскапи од 1,3 милиони јуани или 189.000 долари. Целта е да се постигне „поразумна потрошувачка" и да се ограничи исфрлањето на штетни гасови во атмосферата, но дури и тоа не го забави растот на продажбата на спортски автомобили. Од Bentley потврдија дека уште во почетокот на салонот во Шангај, компанијата добила 60 нарачки за моделот Mulsanne со продолжена база, а сите тие биле поднесени во рок од еден ден. Продажбата на Maserati од почетокот на 2017 година се зголемила за 119% во споредба со минатата година, а Alfa Romeo и Maserati планираат да го ја прошират продажната мрежа во земјата за 50%. Од McLaren очекуваат оваа година да продадат 300 автомобили во Кина, во 2016 продадоа 235, што е речиси два пати повеќе од трансакциите за 2015.

„Кина е брзо растечки луксузен пазар - објасни извршниот директор на Aston Martin, Енди Палмер. - Всушност, развојот на пазарот на луксузни SUV модели тргна токму од Кина. Тоа е совршен пример зошто Кина е важен пазар за сите нас.“, истакна Палмер, кој потврди дека сите возилата од новиот DB11 за Кина се веќе нарачани и продадени.