old.avtoplus.mk

Jaguar ќе прави спортски хибриди

Британскиот производител Jaguar планира да користи хибриден погонски систем во идните спортски модели. Ова го откри главниот продукт инженер на брендот, Ерол Мустафа.

Според него, слични технологии мора да најдат соодветно место и во моделите од компанихјата и дефинитивно ова е една од алтернативите пред Jaguar. Досега компанијата сеуште не користела хибриден систем за свој модел, но дефинитивно има искуство со слични технологии. Пример за тоа е моделот C-X75, кој беше развиен заеднички со Williams Advanced Technology.

Освен со хибриден состав, концептот C-X75 се одликуваше и со својот 1,6- литарски четирицилиндерски мотор со турбо, кој генерираше 500 КС. Заедно со двата електромотори вкупна моќност достигнуваше 850 КС. Моделот ќе остане само прототип и нема да се произведува сериски. Но пак сигурно ќе влијае на идните спортски хибридни автомобили на марката. Тоа го потврдува и Мустафа, кој најавува вистинска хибридна офанзива наскоро од Британците.