old.avtoplus.mk

И Bentley и Porsche ќе работат заедно

Уште еден производител под закрилата на VW Group ќе ги комбинира своите развојни идеи со Porsche, за намалување на трошоците за производство - Bentley. Само една недела пред тоа и од Audi соопштија дека ќе работат на ист начин.

Според координаторот на луксузните и спортски производители во конгломератот, Ед Блум, тоа ќе доведе до намалување во износ од вкупно 100 милиони евра годишно, што е солидна сума, а планот ќе започне следната година. Наместо споделување на делови и шасија, тука комбинацијата ќе биде насочена повеќе кон финансиски услуги, продажба структури, производство, развој и контрола над квалитетот. Ова природно, на никаков начин нема да влијае негативно врз клиентите и на двете компании.