old.avtoplus.mk

Honda NM4 Vultus во главна ролја во GHOST IN THE SHELL

Honda најави дека како дел од соработката со новата продукција GHOST IN THE SHELL на Dreamworks Pictures и Paramount Pictures, обезбеди дизајн скици на футуристички модел NM4 Vultus, кои ќе бидат доработени од тимот на филмот, за потребите на  главниот јунак Major, кој го толкува Скарлет Јохансон.

Honda NM4 Vultus која беше лансирана во април 2014, сама по себе e машина од иднината, а дизајнот и е инспириран од јапонските футуристички филмови. Задниот дел на седиштето се подига и станува удобен потпирач за возачот, кој е во позиција речиси како пилот на борбен авион. Аголот се подесува во 3 позиции -напред и назад за максимална удобност. Дигиталната табла го менува „расположението"  според поставениот режим на управување. При Neutral свети во бело, D вклучува сино, а S - розово, додека MT е резервирано за спортското црвено.

NM4 Vultus е со 4-тактен двоцилиндерски мотор со паралелна поставеност на цилиндрите и 745 ccm со максимална моќност од 54 КС и вртежен момент од 68 Nm. Волуменот на резервоарот е 11,6 л, потрошувачката на гориво е 28.4 km со еден литар, менувачот е 6-брзински DCT, а погонот е со синџир.

Популарно оваа недела

 

Анкета

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на нашата страница?

 стариот повеќе ми се допаѓаше

 многу ми се допаѓа

 ми се допаѓа

 не е лошо

 не ми се допаѓа