old.avtoplus.mk

Гон на „тапет“ од државата?!

Француската служба за заштита на потрошувачите му препорачала на обвинителството да го обвини лично главниот извршен директор на Renault, Карлос Гон, за наводните измами во тестовите за штетни гасови.

Обвинителството официјално започна истрага против Renault пред два месеци поради недоследности во емисијата кај дизел моторите. Патните испитувања покажаа дека кај модели на француската компанија, како и на Fiat-Chrysler и Peugeot-Citroen, издадени во реални услови, штетните соединенија ги надминуваат и до 10 пати податоците издадени за истите од самите компании. Од Renault категорично негираат дека користат несоодветен софтвер, како оној на VW. Портпаролот на компанијата изјави дека компанијата нуди целосна соработка во истрагата и дека Renault  ги „задржува своите објаснувања за пред судиите, именувани од државата  за случајот".

Најверојатно, овие објаснувања се однесуваат на условите под кои системите за ограничување на емисиите се исклучуваат, за да не нанесат штета на моторот - обично при екстремно ниски или високи температури. Дури и во САД е дозволено системите да се исклучуваат при температури под 4 степени Целзиусови. Во Renault сепак доменот на работа бил значително потесен - меѓу 17 и 35 степени. Кај тестовите за емисии, кои се спроведени досега на собна температура, тоа не е прикажано. Но, показателите во реални услови се сосема нешто друго?!

Додека кај VW сепак не е јасно до кој степен највисокиот менаџмент бил свесен за Дизелгект, во Renault целото раководство знаело за тоа, се вели во досието, подготвено од службата за заштита на потрошувачите. Тоа го вклучува и Карлос Гон, кој според истражните органи не користел „ совети при одобрувањето на стратегиите за развој на моторите“, т.е. ги донесувал одлуките лично.

Многумина го протолкуваа ова „ставње на тапет“ од страна на државата, на Гон, како последователен чекор од тивката  војна со француската држава, која поседува дел од акциите на Renault. Менаџерот со години се обидува да ја убеди Владата да го продаде својот удел и да престане да се меша во работите на компанијата. Неодамна Гон призна дека токму државниот удел е главната пречка за понатамошната интеграција меѓу Renault и партнерот Nissan.

Популарно оваа недела

Анкета

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на нашата страница?

 стариот повеќе ми се допаѓаше

 многу ми се допаѓа

 ми се допаѓа

 не е лошо

 не ми се допаѓа