old.avtoplus.mk

Ford инвестира 600 милиони евра во Сарлуис

Ford најави дека компанијата ќе направи инвестиција од 600 милиони евра во комплексот во Сарлуис, во Германија, како дел од подготовките за лансирање на производството на следната генерација на хит моделот на брендот - Focus.

- Оваа инвестиција во износ од 600 милиони евра нагласува постојана посветеност на Ford кон Германија, на нашиот главен центар во Европа, коментира Џим Фарли, претседател и извршен директор на Ford Европа, Блискиот Исток и Африка.

Новата инвестиција на Ford доаѓа по програма за подобрување на расходите и зголемување на продуктивноста на фабриката во Сарлуис усогласени со локалните синдикати во јуни 2014 година. Поголемиот дел од новата инвестиција ќе биде наменета за купување на нова опрема, вклучувајки две нови преси со кои ќе може да се оформува висококвалитениот челик. Средства ќе бидат наменети исто така и во подобрување на логистиката и ефективноста на фабриката.