old.avtoplus.mk

Архива на списание

Авто Плус 269, март 2017

Бројот 269 од март ја одележува можната продажба на Opel на PSA. Секако направивме анализа и табели на сите новитети кои пристигаат кај нас во 2017, а ги покривме и саемите кои поминаа и ја најавивме Женева. Известивме за Денот на Quattroruote и Автомобилот на Годината во Македонија. На тест имавме Audi Q2, Citroen C3 и Suzuki Baleno hybrid. ММагазин ги донесува Brits и Oscars и сите „бисери“ кои се појавија, а одвоиме малку повеќе простор на најексклузивните клубови и хотели од светот.

Прелистај

Авто Плус 268, февруари 2017

Првиот број во 2017 година со реден број 268 пристигна. Периодот помина без многу настани, но ние го искористивме да направиме анализи за 2016 како и и да ги покажеме најавите и рендерите за новитетите во 2017. Ги проследивме првите саеми кои традиционално се одржуваат на Американскиот континент - CES и NAIAS во Детроид. На Тест имавме Toyota C-HR и Seat Ateca. Подготвивме и интересен ММагазин. Освен последните крикови на технологија каде зборуваме за лаптопот со троделен екран, пишуваме за урбаниот џентлмен т.е. нашиот пријател Иџе кој го снимивме со бесни автомобили во салонот ба ПАЗ во моделите на Boggi и Timberland, а слушнавме и напишавме секс совети од 12 жени.

Прелистај

Авто Плус 267, декември 2016-јануари 2017

Новогодишениот 267 број АВТОПЛУС декември-јануари 2017 донесува многу и интересни содржини. Новата Opel Insignia ја краси насловната страница, внатре пишуваме за нашата Средба со Великаните на Дизајнот во Милано. Ја посетивме Барселона и Задар каде ги пробавме новата Mazda3, Renault Scenic и Dacia обновената гама. На Тест имавме Volvo S90, BMW X5 40E и Nissan Juke. Ја обработивме EICMA и подготвивме интересен ММагазин. Освен последните крикови на технологија каде зборуваме за Nokia, пишуваме и за уметноста кај урбаниот џентлмен, за актуелните филмови и секако фитнес.  

Прелистај

Авто Плус 266, ноември 2016

Новиот број 266 на АвтоПлус донесува. Покрај домашните и странските вести, прочитајте за новите модели кои пристигнаа во Porsche салоните во Скопје, Renault и Toyota. Проследете го деталниот прилог за субвенциите за електрични возила како и изјавите на нашите соговорници. Возевме „бесни макини“ на патеката во Ваирано кај нашите парнери, поточно во овој број McLaren 575 LT и Maserati Levante. По нашите улици поминавме неколку дена со Nissan Navara, Ford S-Max i Mazda CX3 дизел. Потоа следуваат ММ страните каде може да ги најдете техно новините, да ги видите сите часовници на Џејмс Бонд, дознаете за Филип Плеин, да украдете идеја од модната недела во Њујорк, како и вежби и совети од Мирко Петровски...

 

Прелистај

Авто Плус 265, октомври 2016

Новиот 265 број на АвтоПлус донесува. Покрај домашните и странските вести, прочитајте новиот Porsche салон во Скопје како и за изненадувањето што ни го приредија. Возевме „бесни макини“ на патеката во Ваирано кај нашите парнери Quattroruote, а читајте и што се случуваше на салонот во Париз каде и сами бевме присутни. По улиците на нашето Скопје поминавме неколку дена со Kia Sorento и Lexus NX300h. Потоа следуваат ММ страните каде може да ги најдете техно овините, да украдете идеа за иновативна машка опрема, како да препознаете „феик“ часовник, да прочитате ексклузивно интервју со Оливер Стоун за Сноуден, како и неизбежниот фитнес...

Прелистај

Авто Плус 264, септември 2016

Не го пропуштајте го септемврискиот број на Авто Плус, број еден ревијата за мажи. Во него ќе прочитате бројни содржини околу светот на автомобилите, мотоциклите, технологијата, модата... На првите страни прочитејте за осигурувањето на возилата при поплави и се околу нив. Ги презентиравме моделите на салонот во Москва и оној кој доаѓа во Париз, а Авто Плус ве води и до Pebble Beach. За вас возевме Opel Astra караван, Suzuki Baleno  и Toyota Auris хибрид. Покрај автомобилските новости читајте го М Магазинот, украдете модна идеа, читајте за Харли и Дејвидсонови, 150-те години од Jack Daniels, загревајте се за новата фитнес сезона, опремете ја кујната како познат шеф и мноду други интересни текстови за животот на секој модерен маж.

Прелистај

Авто Плус 263, јули-август 2016

Не го пропуштајте летниот јули-август број на Авто Плус, број еден ревијата за мажи. Во него ќе прочитате бројни содржини околу светот на автомобилите, мотоциклите, технологијата, модата... На првите страни прочитејте за ЕУРО 4 стандардите и статистиките околу нив. Нашиот партнер Quattroruote ве поканува на Meet The Masters, а Авто Плус ве води до таму. За вас возевме Кампер во Грција и BMW M2 на Хунгаро ринг. Прочитајте ги тестовите за Seat Leon FR, Range Rover Evoque 2016, Mazda MX-5 и BMW X4. Покрај автомобилските новости, читајте и за скутери на вода, спорт, а во М Магазинот украдете модна идеа, набавете добар парфем за ова лето, одберете дестинација од нашиот избор на хотели за кои вреди да се плати екстра. За крај комбинирајте вежби на плажа, препорачани од Мирко...

Прелистај

Авто Плус 262, јуни 2016

Новиот број на АвтоПлус донесува. Покрај домашните и странските вести, прочитајте зошто производителите ги лажат клиентите, видете како поминавме со BMW Generation X Roadshow на падините на Бистра или пак што се случуваше на хепенингот на Кореа Ауто Трејд. Низ историјата патуваме со караваните на Опел, но и со класиците претставени на Concorso D’Eleganza Villa D’Este каде и сами бевме присутни. За технологија ви претставуваме што нуди Volvo, а ви презентираме и две рагионални промоции на Ford Edge и Renault Talisman. По улиците на нашето Скопје поминавме неколку дена со Hyundai Elantra, Mini Cooper 5 Door и Mitsubishi Space Star. Потоа следуваат страните каде може да најдете акциона камера за вашиот џеб, да украдете идеа да иновативна машка опрема, како „кралевите“ по 11-ти пат се на европскиот трон, како и препарати и вежби за топење на мастите....

Прелистај

Авто Плус 261, мај 2016

Не го пропуштајте мајскиот број на Авто Плус, број еден ревијата за мажи. Во него ќе прочитате бројни содржини околу светот на автомобилите, мотоциклите, технологијата, модата... На првите страни прочитејте што планира Merceds-Benz до 2020 година, погледнете што кажуваат дизајнерите на Honda Civic и за новите технолошки достигнувања на Volvo и Porsche. Ексклузивно го возевме Maserati Levante, а низ скопските улици се дружевме со Renault Megane, Toyota RAV 4 Hybrid, Isuzu D-MAX и Opel Mokka. Покрај автомобилските новости во М Магазинот прочитајте за легендата Коби Брајант, простете се од „принцот“, украдете модна идеа од познатите фудбалски тренери или пак одберете часовник за ова лето. За крај составете ја совршената диета за вас и комбинирајте ја со вежбите, препорачани од Мирко...

Прелистај

Авто Плус 260, април 2016

Не го пропуштајте априлскиот број на Авто Плус, број еден ревијата за мажи. Во него ќе прочитате бројни содржини околу светот на автомобилите, мотоциклите, технологијата, модата... На првите страни прочитејте за доделувањето на наградата Автомобил на Годината на Škoda Superb. Видете што има ново на салонот во Њу Јорк и што ние видивме во Женева 2016. Нашиот партнер Quattroruote ни даде да ви пренесеме за Синовите на Jaguar и Polo SUV кои ги имаме низ фотографии. За вас возевме Jaguar XF, Kia Sportage Ford и C-Max. Покрај автомобилските новости, читајте и за Yamaha MT10, а во М Магазинот украдете модна идеа, набавете добар парфем, научете да избере добро вино. За крај комбинирајте вежби, препорачани од Мирко...

Прелистај

Популарно оваа недела

Анкета

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на нашата страница?

 стариот повеќе ми се допаѓаше

 многу ми се допаѓа

 ми се допаѓа

 не е лошо

 не ми се допаѓа